Македонија
20. January 2022 - 15:47

Почина Бранко Цветковски чија куќа изгоре во пожар, неговиот син со посебни потреби остана без родители

Почина Бранко Цветковски, самохран родител на дете со посебни потреби, за чија животна приказна известуваше и Сител.

Имено, во септември лани пожар целосно ја пеплоса куќата на ова семејство во Волково, па таткото неколку месеци спиеше во својот стар автомобил, а 17-годишниот Бојан, кој не може да живее самостојно, на минусни температури спиеше во подрумот, каде нема никакво греење.

Со помош од хумани граѓани, фирми и институции започна реновирањето на нивниот дом, кој е уништен до темел но, за жал, сега малолетниот Бојан е сосема сам.