-->
-->
Почина писателката Вера Чејковска
-->
Денес, по тешко боледување, на 64-годишна возраст почина македонската поетеса, раскажувач и есеист Вера Чејковска.
Беше член на Друштвото на писатели на Македонија од 1987 година.
Зад себе ги остави збирките поезија: Човек и врата (1975), Множење на словото (1986), Опит (1992), Отсуството на Благиот (1993), Leximi i dritës (2000), Рабови (2007), Отсуството на Благиот II (2008), The Аbsence of the Mild One (2011), Моите веди (2013), My Vedas (2015), збирката раскази Чејка и чајка (2015), како и низа научни монографии и студии од областа на сеизмологијата.
Од Друштвото на писатели информираат дека посмртните останки ќе бидат изложени утре во капелата на гробиштата Бутел од 12 часот и 30 минути, а погребот ќе се изврши во 13 часот и 30 минути.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Турски државјанин приведен на Деве Баир
-
Прегазен малолетник во Чаир
-
Од недела дожд, засилен ветер и значителен пад на температурата
-
Викендов стапува на сила Законот за нефер трговски практики, се очекува намалување на цените
-
Намалени водостоите на езерата
-
Вина „Монтеко“ – Ризница од вкусови со уникатен печат
-
Тешка сообраќајка кај Железничка, со автомобил завршил на бетонските жардињери | ФОТО
-
50 годишна професорка нападната од колега во Виница