Живот
25. January 2017 - 18:33

Почина преубавата актерка од спотот на Бајага "Тишина"

Преубата Надежда Нада Бановиќ почина во понеделникот 23. јануари, во својата 52 година од животот.

Актерката за која многумина воздивнуваа во поранешна Југославија се прослави со спотот за песната "Тишина" на Бајага, а како што тогаш раскажувале оние кои ја познавале Надежда, во спотот не е прикажана ни половина од нејзината убавина.

Надежда била меѓу омилените и во домашната модна сцена. За нејзините модни ангажмани познато е дека во 1985 година во мај во Мостар избрана е да ја претставува Југославија во Маурицијус.

Покрај модната сцена таа била вклучена и во глумата во филмот "Убави жени минуваат низ град" 1986 година.