Македонија
7. January 2021 - 12:58

Почина жена од Куманово прегазена од возило

На 06.01.2021 во 17,20 часот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка на место викано„Ливади“, патничко моторно возило„цитроен берлинго“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Љ.М.(66) од Куманово, удрило во Б.М.(79) од Куманово, соопштуваат од МВР. 

По незгодата Б.М. била пренесена во Ургентен центар Куманово каде и била констатирана тешка телесна повреда по што во Комплекс клиники„Мајка Тереза“ во 23,30 часот починала.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.