Македонија
3. April 2019 - 15:47

Починат маж пронајден во објект во Скопје

Вчера во 18.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во објект на улица „Босна и Херцеговина“ било пронајдено починато лице Р.Ф. (40) од Скопје без видливи траги на насилство.

Увид извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција, се вели во денешниот полициски билтен.