Бизнис
6. November 2018 - 10:22

Почна аплицирањето за финанскиска поддршка за произведено и предадено грозје

 

Почна рокот за поднесување барања за финансиска поддршка од еден денар за произведено и продадено грозје од сортите „вранец“ и „смедервка“ во регистриран капацитет за производство на вино во Македонија, соопшти денеска Платежната агенција.

Агенцијата информира дека земјоделците кои ги исполнуваат условите, може да ги поднесат барањата по електронски пат во подрачните единици на Министерството за земјоделство најдоцна до 25 декември. Заедно со барањето, земјоделците треба да достават и потрда за откупено грозје, издадена од регистриран капацитет за производство на вино.