Македонија
27. May 2023 - 16:28

Почна полагањето на државната матура

Матурантите го полагаа првиот испит од државната матура по мајчин јазик. 10 800 ученици биле пријавени по македонски, околу 4400 за албански, 357 турски јазик и литература. Тестот го добија во 10 часот а  имаа време до 14 да ги завршат сите прашања. Најголем број ученици кои се пријавиле за државна матура се од стручните училишта, потоа гимназиите а најмалку пријавени има од средното уметничко образование.

 Оваа генерација на ученици се соочи со бројни предизвици и проблеми овие 4 години па поради тоа добија пократок материјал за полагање.   

Министерот најави дека ќе побара од Владата за упис на универзитетите да се земат во предвид резултатите од еден екстерен испит онака како што побараа матурантите.

Сојузот на средношколци информираше дека за полагањето не пристигнале поплаки и приговори од соучениците. Апелираа до надлежните да ги исполнат барањата на вработените во ДИЦ, кои го ставија штрајкт во мирување и ја реализираа државната матура. Следниот екстерен испит матурантите ќе го полагаат на 10 јуни, а интерните предмети се во термини од 12 до 30 јуни.