Бизнис
6. December 2019 - 16:42

Почна повратот на ДДВ - колку пари добија граѓаните на своите сметки?

Почна повратот на ДДВ за граѓаните. Речиси 10% од лицата кои скенираа  фискални, денеска добија 15% од платениот ДДВ. Управата за јавни приходи  информира дека од 170.000 граѓани, кај 16,600 е извршена исплата. Останатите ќе добијат пари до крајот на наредната недела. Вкупно, за јули, август и септември ќе бидат исплатени  3 милиони евра или максимум  едно лице може да добие  1,800 денари за 3 месеци.

Тонско Нина  - Денеска се исплатени 21 милион денари, а во наредните денови ќе продолжи исплатата и на остананите граѓани кои скенираат фискални сметки. Инаку во општините Аеродром, Кисела вода, Центар и Карпош, како и Битола и Штип најмноги се користи апликацијата за поврат на Мој ДДВ, изјави министерската за финансии Нина Ангеловска.

Во првоте 3 месеци  од кога почна примената на проектот, скенирани се  речиси 22,7 милиони  сметки. Граѓаните потрошиле 186 милиони евра, од кои данокот на додадена вредност изнесува .над 20 милиони евра.  Од него 15% или 3 милиони евра им се  враќаат на граѓаните. Исплатата за октомври, ноември и декември ќе биде извршена до крајот на февруари. Проектот Мој ДДВ има за цел да ја намали сивата економија,  граѓаните да бараат фискални сметки, а затајувачите да бидат казнети.. Од средината на овој месец ќе почне и наградната игра, каде ќе се доделуваа  дневни и месечни награди.