Македонија
25. јуни 2016 - 14:37

Почна Тиквешка винска регата

По течението на реката Вардар, викендов во тек е четвртата по ред „Тиквешка винска регата", во организација на Здружението за развој и промоција на винската култура и производите од грозје, „Винотек" од Кавадарци. 

- Во текот на регатата во која со чамци пловиме по реката Вардар, застануваме во неколку винарии од неколку општини од Тиквешкиот регион во кои дегустираме извонредно Тиквешко вино, појасни во изјава за медиумите, директорот на регатата, Панче Арсовски.

Во регатата учествуваат шеесетина гости од земјава и странство, љубители на природата и квалитетното вино.

Регатата почна денеска кај мостот на реката Вардар кај селото Уланци, општина Градско. Завршува утре во Демир Капија, а вечерва гостите ќе одморат во манастирот „Свети Ѓорѓија" кај Неготино.