Македонија
19. July 2021 - 19:42

Почна вакцинацијата на малолетници, тинејџерите сакаат да излезат од дома

Седумнаесет годишниот Кристијан сака што поскоро да се врати во училиште и слободно да излегува со другарите па затоа веднаш се пријавил за вакцина. Тој е средношколец и веќе му недостига училиштето, сака да се врати на секојдневните активности без да стравува за своето здравје. На вакцина во поликлиниката Јане Сандански беше дојден заедно со својот брат и смета дека сите негови врсници би требало да се имунизираат. 
 
Адолесценти на 16 и 17 годишна возраст беа меѓу оние кои први добиле термин за вакцина. Аплицирањето за нив се одвива во пунктовите во здравствените домови. 
 
Во поликлиниката Букурешт биле аплицирани вакцини и на малолетни со хронични заболувања.Засега Фајзер е единствената вакцина одобрена за деца. 
 
По Скопје, најголем интерес има кај младите има во Битола. Последната бројка на  пријавени е 1800 малолетници , но пријавувањето продолжува и оваа недела. Во следните денови возрасната граница ќе се намалува и термини ќе добијат сите до 12 години. Паралелно со малолетните деца, се одвива и вакцинацијата за возрасни. Во поликлиниките на располагање се вакцини на Синовак и Астра Зенека за втора доза.