Почнаа преговорите на коалициите за нова влада на Црна Гора
Синоќа почнаа преговорите меѓу претставниците на трите коалиции за формирање на нова влада во Црна Гора, траеја четири часа, но не е отворен разговор за целиот пакет, пишува подгоричкиот весник „Вијести“.
Повикувајќи се на информации од повеќе извори, подгоричкиот весник пишува дека врз основа на резултатите од изборите, премиерската позиција треба да и припадне на коалицијата „За иднината на Црна Гора“, додека втората најсилна коалиција – „Мирот е нашата нација“, веројатно ќе ја преземе функцијата претседател на Парламентот.
Во преговарачкиот тим на коалицијата „За иднината на Црна Гора“ се носителот на листата Здравко Кривокапиќ, функционерите на Демократскиот фронт Предраг Булатовиќ, Славен Радуновиќ и Бранко Радуловиќ, потоа Драган Ивановиќ функционер на Социјалистичката народна партија и професорот Владимир Божовиќ од Матица Српска.
Коалицијата „Црно на бело“ ја претставуваа функционерите на ГП УРА, Дритан Абазовиќ, Зоран Микиќ, Филип Аџиќ, а коалицијата „Мирот е нашата нација“ Алекса Бешиќ и Борис Богдановиќ (Демократи) и Миодраг Лекиќ (Демос).
Според изворите на подгоричкиот весник, состанокот траел околу четири часа, бил начелен и воведен.
Тие рекоа дека разговарале за обврските и одговорностите пред новата власт, како најдобро да се дојде до решение, динамиката на работа и програмата на идната влада чии основи се содржани во договорот што лидерите на трите коалиции го потпишаа претходно.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар