Македонија
5. December 2020 - 8:33

Подготовки за вакцинација за Ковид-19, и натаму дневно над 1000 новозаразени

Вакцината за Ковид-19 во државава се очекува да пристигне на почетокот на следната година, нема да биде задолжителна, а ќе биде бесплатна за сите граѓани. Координативното тело за вакцини за Ковид-19 вчера дефинираше детали околу процесот на вакцинацијата, како следен чекор во спарвувањето со пандемијата од вирусот Ковид-19. И во синоќешната статистика на Министерството за здравство за претходното деноноќие беа регистрирани над 1000 новозабалоени. Регистрирани се 585 оздравени пацинети и 30 починати.  

-Веќе се обезбедени 833.000 вакцини против Ковид-19 за 400.000 граѓани преку Ковакс механизмот на СЗО, Глобалната алијанса за имунизација. Ќе ги добиваме вакцините согласно планот за дистрибуција кој Ковакс ќе го одреди и многу скоро очекуваме конкретна информација од нив. Покрај овој механизам доставивме барања за директни договори до компаниите „Астра Зенека“ и „Фајзер“ за нивните вакцини и после иницијалните нивни одговори ја чекаме нивната потврда дека дополнителна количина ќе може да набавиме од компаниите. Целта е 60 до 70 отсто од населението да се вакцинира бидејќи експертите сметаат дека е тоа доволен процент на вакцинирано население за да се стекне имунитет, изјави министерот Филипче. 

Набавната цена за една вакцина, според иницијалните документи кои ги добиле преку ковакс механизмот, е 10 долари. Вакцинацијата ќе се врши во вакциналните пунктови и болниците, ќе се спроведе брз процес на тренинг за вакцинирање согласно спецификите на вакцините и сите здравствени работници ќе бидат соодветно обучени. Вакцинацијата на специфични групи здравствени работници ќе се врши во јавните здравствени установи каде тие работат.

Донесена е одлука како приоритет да се вакцинираат сите здравствени работници кои работат во ковид-центрите или се директно изложени или работат со заболени или суспектни, делот на здравствени работници кои работат на земањето брисеви, граѓаните на возраст над 65 години и пациентите со хронични заболувања, во делот на хронични белодробни и кардиоваскуларни болести според шифрите на дијагноза преку системот „МојТермин“, вработените во критичната инфраструктура и во транспортот.

-Во однос на чување на вакцините, сега, историски наназад гледано долг период кај нас, вакцините се кај економските оператори кои што увезуваат. Понатаму, тие ја преземаат обврската исто така за дистрибуција за вакциналните пунктови и сметаме дека е најлогичен, најпрактичен и најлесен систем оваа вакцина да се доведе на тој систем со тоа што во системот на чување и складирање само ќе се додадат овие фрижидери кои што ќе ги добиеме за -70 температура, а за сите други магацински простори веќе имаме согласнот од економските оператори да ги користиме и за оваа вакцина, рече министерот Филипче на прес-конференција. Апелираше сите граѓани да се воздржат од прослави и собири.

Како што појасни д-р Александра Грозданова, претседателка на Комитетот за имунизација при Министерството за здравство, правилото за примање вакцина како за сите други вакцини така и за ковид вакцината – се прима во општа добра здравствена состојба.

Пациенти кои прележале ковид, во зависност од состојбата во која што се наоѓаат и временскиот период секако дека ќе можат, доколку сакаат, да ја примат ковид вакцината, но имајќи предвид дека ќе имаме приоритетна листа ќе треба на некаков начин да се приоретизираат токму тие категории, вели Грозданова.

Според Министерството за здравство вчера во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 843 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. Вкупниот број на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.286 и има околу 160 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 79 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19, а во болницата во Штип се хоспитализирани 65 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 39 пациенти, во Велес се лекуваат 57 болни, а во Куманово 116 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 105 пациенти, во Прилеп 123, во ковид центарот во Гостивар 61, а во Струга 36 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 68 пациенти, во Кочани 18, во Кичево 20, Кавадарци 39, а во Гевгелија 17 лица позитивни  и суспектни на коронавирусот. Од МЗ потенцираат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

Последните денови се забележува благ пад на новозаразените. Во последните 24 часа се направени 2.824 тестирања, а регистрирани се 1.100 нови случаи на Ковид-19. Од новорегистрираните повторно е најголема бројката во Скопје, каде се регистрирани 439 случаи, по што следи Битола со 73, Гостивар со 68, Тетово со 58,  Куманово-56, ДПрилеп-52,  Кавадарци-51, ГСтрумица-33, …..

 
 
Вкупниот број на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 66.330, бројот на оздравени пациенти е 42.241, на починати е 1.877, а бројот на активни случаи изнесува 22.212.