Македонија
17. September 2019 - 13:44

Поднесено барање за укинување на притворот на Јанева, одбраната очекува одлука до петок

Барањето за укинување на мерката притвор за поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева е доставено до Судот и очекуваме до петок, кога истекува 30-дневната мерка притвор, да има одлука, потврди денеска за МИА нејзината адвокатка Ирена Фрчковска.

– Отпаднати се основите за определување мерка притвор и целта може да се постигне и со друга мерка, не мора да се оди со најстрогата по закон. Сметаме дека основите се отпаднати со самото нејзино разрежување од СЈО и од ОЈО Гевгелија. Сето ова е наведено во предлогот и ќе видиме каква одлулка ќе донесе Судот, изјави Фрчковска.

Таа посочи дека бараат Катица Јанева да се брани од слобода, за што предложиле и други мерки за обезбедување, како и гаранција во недвижен имот.