Македонија
24. May 2020 - 8:29

Поглаварот на ИВЗ прогласи победа над вирусот Ковид-19

Реисот Сулејман Реџепи честитајќи го празникот Рамазан Бајрам порача: Успешно се справувавме до сега, а со одржувањето на овој намаз за Фитер Бајрам прогласувам и победа над вирусот.

Им го честитам празникот на сите муслимани во земјава. На молитвата во 5:45 минути по повод празникот присуствуваа голем број верници, кои согласно мерките за заштита носеа заштитни маски.

Поглаварот беше на молитва во Мустафа - пашината џамија во Скопје.

 

Мирјана Давидовска