Свет
22. September 2016 - 19:19

Поголемиот дел од Порторико остана без електрична енергија

Повеќе од три ипол милиони жители на Порторико останаа денеска без електрична енергија поради пожарот на најголемата електрана во земјата. 

Граѓаните воглавно немаат генератори, поради што ноќта ја поминаа во темнина и без клима уреди за време на тропските горештини. 

Властите соопштија дека за поправка на електраната ќе бидат потребни најмалку 24 часа. 

- Порторико не е подготвен за нешто вакво, изјави Калестин Акал Сантијаго, еден од жителите кој ја поминал ноќта во автомобилот каде има клима уред.