-->
-->
Погребани Коби Брајант и неговата ќерка Џиана
-->
Кошаркарска легенда Коби Брајант и неговата 13 годишна ќерка Џиана се погребани на приватна церемонија во Лос Анџелес, јавуваат американските медиуми.
Погребот се одржал на 7 февруари и бил затворен за јавноста, а присутни биле само членовите на семејството на славниот кошаркар.
Јавна комеморација ќе биде одржана на 24.2.2020, датум што симболично го означува бројот на дресот на Мамба, неговата 20 годишна кариера и бројката (2) на дрес што ја носеше неговата ќерка.
Комеморацијата ќе се одржи во „Стејлпс центарот“ и ќе биде отворен за сите оние кои ќе сакаат да му одадат последна почит на Коби
-Ние сме град во кој луѓето веруваат едни во други. Веруваме во нешто поголемо од самите себе. Ќе направиме апсолутно се за да овозможиме секој кој ќе посака да може да дојде, вети градоначалникот на Лос Анџелес, Ерик Гарсети.
Коби Брајант, неговата ќерка Џиана и уште 7 лица настрадаа во хеликоптерска несреќа која се случи на 26 јануари годинава. Останатите загинати се Алиса Алтобели (13), нејзиниот татко Џон Алтобели (56) и мајка ѝ Кери Алтобели, кошаркарскиот тренер од училиштето Харбор Деј, каде што учела Џиана, Кристина Маузер (38), Пејтон Честер (13) исто така соученичка на Џиана, Сара Честер (45) мајка на Пејтон, и пилотот Ара Зобајан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација