Фудбал
10. May 2016 - 10:21

Појет е нов тренер на Бетис

Фудбалскиот клуб Бетис го назначи Густаво Појет за нов тренер. Уругвајскиот стручњак, на клупата ќе го наследи Хуан Маерин, а со клубот од Андалузија потпишал двегодишен договор.
 
Појет, оваа сезона, седум месеци седеше на клупата на АЕК од Атина, кој заврши на третото место во грчкото првенство.
 
Густаво Појет во кариерата бил играч на Ривер Плејт од Уругвај, Гренобл, Сарагоса, Челзи и Тотенхем, а како тренер има работено во Свиндон, Брајтон и Сандерленд.
 
Бетис, објави дека новиот тренер официјалната промоција ќе ја има во среда.