Показатели кои говорат дека вашето тело е “прегорено” од стрес
Стресот може да предизвика сериозни здравствени проблеми, затоа е неопходно да најдете начин да се изборите со него.
Во денешно време, скоро е невозможно да го избегнете секојдневниот стрес, како на работа така и во приватниот живот. Денес, поради брзиот начин на живот, нервозата е нашиот сопатник, а следниве знаци се показател дека Вашето тело страда од тешка форма на стрес.
Опаѓање на косата
Секој вид на емотивна или физичка повреда, може да биде причина за опаѓање на влакното. Операција, сообраќајна несреќа, отказ па дури и грип може да предизвика губење на косата. Емотивниот стрес се случува и при развод или смрт на блиска личност. Периодот на нормалниот раст на косата е од три до шест мецеси по стресниот настан.
Осцилација во тежината
Телото, изложено на стрес реагира на два начини: тоа што го јадете во текот на денот има можност да се “залепи” на Вашето тело поради стресот, или воопшто “ништо да не се фати”. Доколку се дебелеете неконтролирано, и покрај тоа што внимавате на исхраната и внесувате здрави намирници, време е да се ослободите од стресот.
Несоница
Стресот може да Ви го украде сонот. Прекумерните стресни ситуации предизвикуваат проблеми со спиењето, но и го намалуваат квалитетот на сонот. Доколку не внимавате, стресот може да Ви предизвика комплициран круг на функционирање: не можете да спиете поради нервозата, а потоа сте нервозни поради недостатокот на сон. Во ваквите ситуации помагаат есенцијалните масла, топлите купки и билните препарати кои ќе Ве опуштат пред спиењето.
Болки
Доколку чувствувате болки во вратот, грбот и рамената, тоа е јасен знак дека сте под стрес. Поради тоа, телото реагира со згрченост, кое резултира со хронични болки.
Нередовна менструација
Вишокот хормон на стрес влијае врз дисбалансот на женските полови хормони. Тоа резултира со силни симптоми на PMS и нередовен циклус. Болните менструални грчеви се јавуваат кај жени под стрес, во двојно поголема мера од нормалното.
Сексуален живот
Телото и умот се поврзани, а кога едното не е во ред, и другото пати. Кога сте под стрес поради отказ од работа, финансиска загуба, имате проблеми во врската или семејството, и телото реагира а тоа се одразува на Вашиот сексуален живот.
Стресот може да предизвика сериозни здравствени проблеми, затоа е неопходно да најдете начин да се изборите со него
Ново на Сител
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници