Македонија
24. October 2021 - 16:23

Покажувал фотографии со недолична содржина и допирање по телото на малолетничка, уапсен маж од Богданци

Полицијата лиши од слобода маж од Богданци кој и покажувал фотографии со недолична содржина и допирање по телото на малолетничка.

- На 22.10.2021 во 14.00 во Богданци, полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишиле од слобода А.Г.(36) од Богданци, поради сомнение дека вознемирувал малолетничка од Богданци, со прикажување фотографии со недолична содржина и допирање по телото, соопштува МВР.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.