Свет
13. December 2017 - 21:56

Покрај со Русија, Трамп пред ново искушение и за сексуални напади врз жени

Во најновото сослушување во Законодавниот комитет на Конгресот на САД денеска демократски конгресемни побараа од заменикот на специјалниот обвинител Роберт Мјулер, Род Росенстин, Обвинителството да се позанимава и со обвиненијата дека американскиот претседателот Доналд Трамп сексуално вознемирил десетина жени во времето пред да стане шеф на државата.

Обвинувањата доаѓаат во услови на скандалите за сексуална малтретирање од страна на многу холивудкски ѕвезди и продуценти, телевизиски лица и новинари, шефови на кујни на ексклузивни ресторни, но и сенатори.

Мјулер сега води истрага со задача да испита дали предизборниот штаб на претседателот имал врски со Русија, во чии рамки вчера беа објавија нови материјали околу активностите на Федералното истражно биро (ФБИ) за наводната поврзаност меѓу лица од штаб и руски претставници.

Десетина жени лани во текот на изборната кампања го обвинија Трамп дека во годините пред да стане претседател ги злоставувал и понижувал на сексуална основа.

Обвинувањата беа повторени пред два дена откако три од жените на прес-конференција побараа од Конгресот на САД да отпоче официјална истрага против Трамп за нивните наводи за „недолично секусално однесување“.

Некои демократи велат дека доколку ткавите тврдења се докажат како точни, тие се доволна причина Трамп да поднесе оставка, како што тоа досега го направија двајца сенатори.

Претседателот ги отфрла обвинувањата велејќи дека се неточни и дека сите жени кои го обвинуваат ќе бидат дадени на суд за повреда на угледот и честа, што деосега се уште не се случи.

Откако Кирстен Гилибранд, сенаторка на демократите од Њујорк, застана во одбрана на жени, Трамп долеа масло на огнот со неговиот најнов твит до неа: „Лесноумна лакејка, доаѓаше кај мене по донации за кампањи (и би направила сешто за тоа)“.

Твитот веднаш беше окарактеризирано како сексизам и сугестија на претседателот дека Гилибранд би давала сексуални услуги за донации. Таа ова го отфрли со резигнација и укажа дека Трамп се обидува да ја замолчи, откако побара посебна истрага од страна на Конгресот за повеќекратните за обвинувањата за „недолично секусално однесување“.

Во меѓувреме на седницата на Ззаконодавниот комитет беа објавени службени СМС преписки од кои произлезе дека еден од агентите на ФБИ го нарекол Трамп „идиот“, додека на републиканците им порачал „да си ги извадат главите од задникот“.

Службените пораки беа објавени откако конгресмените републиканци побараа податоци од безбедносните служби за истражните активности во текот на изборната кампања вршени врз кандитатите за претседател на САД, Хилари Клинтон, Берни Сандерс и Трамп.

Објавувањето на пораките предизвика бранувања кај републиканците конзервативци, кои го повикаа специјалниот обвинител Мјулер, кој е поранешен директор на ФБИ, да поднесе оставка.

Најголем интерес предизвикаа СМС порките на ФБИ агентот Питер Стржок до неговата колешка Лиза Пејџ. Во нив агентот не ги сокривал своите политички симпатии кон Клинтон. Во тој момент тој учествувал во истрага поврзана со користење на личната електронска пошта во државни цели од страна на поранешната државна секретарка. Во пораките до Пејџ, Стржок се потсмевал и со Сандерс и напишал дека „и тој е исто идиот како и Трамп“. - Би било добро еден со друг да се уништат, напишал тој.

Во 2016 Стржок беше отпуштен од ФБИ поради начинот на кој ги изложил своите политички ставови.

Од заменикот на Мјулер конгресмените републиканци побараа нови детали околу улогата на ФБИ во истрагите за време на изборите и пристрасната позиција на некои агенти кон Клинтон и навредите упатени до Трамп.

По жолчната сесија на прашања и одговори, Росенстин остана тврд на своите ставови дека не гледа причина за оставка на Мјулер.