Македонија
1. јуни 2016 - 20:30

Покренато обвинение против српскиот државјанин за убиство во Охрид

Основното јавно обвинителство до Основниот суд во Охрид поднесе Обвинителен акт против српскиот турист Бојан Угреновиќ, за сторено кривично дело Убиство од член 123 од Кривичниот законик.Со поднесеното обвинение тој се товари дека за време на новогодишната ноќ

пред кафе-бар во Охрид, со употреба на физичка сила, лишил од живот едно лице. Обвинетиот со силни удари му нанел тешки телесни повреди на 27-годишно момче од Охрид, по што тоа починало. Потоа српскиот државјанин се вратил во кафе-барот и продолжил да се забавува.

27 годишниот Димитар Матилоски беше студент пред дипломска зад себе ги остави неговата мајка и сестра. Во градот беше познат како мирно и повлечено момче.Банална расправија и обична турканица на шанкот во кафе барот Табана заврши трагично за младиот охриѓанец кој најнапред физички а потоа со тупаници и силни удари бил претепан до смрт во строгиот центар на градот во близина на сопствениот дом. По барање на надлежниот јавен обвинител, судот на обвинетиот му ја продолжи мерката притвор за нови 30 дена.