Loading Video...
Спорт плус
7. November 2020 - 18:20

Пол Еспаргаро ќе стартува од пол-позицијата за европското Гранд-при

Пол Еспаргаро ќе ја има пол-позицијата на утрешната трката за ГН на Европа во Мото ГП шампионатот. 
 
До својата втора пол-позиција сезонава, Шпанецот стигна остварувајќи најбрзо време на денешните квалификации, што се возеа на патеката крај Валансија. 
 
Во првиот стартен ред, но зад Еспаргаро, ќе бидат неговиот сонародник  Алекс Ринс од Сузуки и Јапонецот, Такаки Накагами од Хонда
 
Лидерот во Генералниот поредок, Жоан Мир на Сузики ќе започне од вториот стартен ред и тоа зад Французинот, меѓу возачите на Дукати, Јохан Зарко Џек Милер.
 
Трката за ГН на Европа ќе се вози утре, а стартот е од 14 часот.