Loading Video...
Ф1
5. јуни 2021 - 15:45

Пол-позиција за Леклер на утрешното Гранд-пори на Азербејџан

Шарл Леклер  ќе стартува од полпозицијата на утрешната 6-та трка во Формула 1 шампионатот што ќе се вози за Големата награда на Азербејџан. 
 
Возачот на Ферари оствари најбрзо време во денешните супер интересни квалификации низ улиците на Баку, оставајќи ги зад себе конкурентите и тоа Лус Хамилтон на Мерцедес кој ќе ја има втоата стартна позиција, односно Макс Верстапен на Ред Бул и Пјер Гасли  од Алфа Таур кои ќе започнат од вториот стартен ред.
 
Во пресрет на утрешното Гранд-при, лидер во генералниот пореднок е Верстапен со 105 бодови, само 4 повеќе од актуелниот шампион и второ рангиран Хамилтон.