-->
-->
Полицајци му дале знак да застане, а тој се обидел да избега - го фатиле со мигранти
-->
Полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Богородица“ вчера во 18.50 часот на регионален пат Удово - Демир Капија, во близина на с.Градец го лишиле од слобода М.А.(23) од Лозово. Тој бил забележан како со возило „волво“, со италијански национални ознаки, превезува лица мигранти. Возилото било запрено, а тој се обидел да избега, но бил спречен и лишен од слобода.
- Притоа, во возилото биле пронајдени шест лица мигранти од Сирија, кои биле спроведени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка. М.А. бил приведен во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Денеска средба Ковачевски – Таравари
-
ТИ: Македонија со нензачителен напредок во борбата против корупцијата
-
Штип бара финансии да му ги отпише долговите за камати
-
Бајден: САД нема да испраќа воени авиони Ф-16 во Украина
-
Полицијата нема да дозволи дополнителни стражи околу црквата Свети Спас
-
Спасовски и Демерџиев тврдат дека нема да дозволат инциденти на 4 февруари
-
Лорер: Тепаниот не е бугарски државјанин, Бугариja треба да се грижи за своите граѓани, а напаѓачот е бугарски граѓанин
-
Азески со 5 прашања ја честиташе годишницата на владиниот кабинет