Македонија
15. December 2019 - 11:39

Полицијата апсеше дилери во Скопје, уапсен и малолетник

Вчера во 13.30 часот на ул.Влае, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.М.(27) од Скопје, затоа што при извршен претрес во неговиот дом била пронајдена марихуана и две дигитални ваги со остатоци од дрога. И во  22.30 часот на ул.Теодосиј Синаитски, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода М.Ф.(25) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. Исто така вчера вечер во 23.30 часот на ул.Христо Татарчев, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 17 годишен малолетник од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. 

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок