Балкан
12. January 2020 - 21:16

Полицијата демантира дека имало експлозија во вилата на Ѓукановиќ

Полициската управа во Подгорица соопшти дека не е точно оти во претседателската вила „Горица“ одекнала експлозија, како што претходно објавија медиумите.

– Станува збор за помал електричен дефект, кој брзо е отстранет. Експлозија немаше како што пренесоа некои медиуми со цел да се создаде паника, наведува полицијата.

Претходно весникот „Вечерње новости“ објави дека во вилата „Горица“, која црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ и Владата ја користат за прием на високи странски гости и делегации, денеска попладне одекнала експлозија и дека безбедносните структури на Црна Гора се сомневаат во обид за диверзија.