Свет
5. јуни 2018 - 20:36

Полицијата го потврди бизарниот случај во Охајо: Му пукнала во грб рерната од шпоретот, еве како се случило тоа

Полицијата во Охајо соопшти денеска дека го решила случајот со пукањето во кое е ранет маж, наведувајќи дека „му пукнала“ рерната на шпоретот.

Робин Герлок (44) се здобил со рани на рамењата обидувајќи се да го извлече пиштолот што го скрил во рерна.

Полицијата од Ворен во Мичиген соошти дека Герлок го ставил пиштолот во рерна за да не го пронајдат децата.

Неговата девојка, која не знаела дека тука се наоѓа оружјето, ја вклучила рерната, а според наводите на полицијата, му се јавила на Герлок зошто и се причинила дека надвор слушнала истрел.

Герлок во обид да го извади оружјето, е погоден со куршуми или делови од куршумите кои експлодирале во пиштолот кој бил во загрената рерна.

Ворен се наоѓа на стотина километри југоисточно од Кливленд.