Свет
2. October 2017 - 10:21

Полицијата потврди дека е убиен осомничен за нападот во хотел во Лас Вегас

Полицијата во Лас Вегас потврди дека еден од осомничените напаѓачи во хотел во градот е ликвидиран откако уби најмалку две лица, а десетици се повредени.

Според Данита Коен, портпарол на Универзитетската болница во Лас Вегас, најмалку 26 луѓе се ранети од кои 14 се наоѓаат во критична состојба.

Полицијата е во потрага по соучесници во нападот што се случи за време на музички фестивал во ресортот Мандалај Беј.

Властите го затворија целиот реон околу хотелот и забранија летови од меѓународниот аеродром Меккаран.