Македонија
16. October 2021 - 16:38

Полицијата расчисти два случаи на поткуп на гласачи во Драчево и Лозово

121 000 денари и 250 евра пронашла полицијата во домовите на 4 лица кои се осомничени дека за глас плус со пари поткупувале гласачи. На жители од местото Аџево, во близина на Драчево, им нуделе различна сума на пари за да гласаат за одредена лучност. Станува збор за лица од 25 до 50 годишна возраст.

Но ова не единствениот случај за кој интервенирала полицијата во текот на вчерашниот ден. Приведен е и маж на 50 годишна возраст кој вршел поткуп во Лозово. За глас плус нудел од 3000 до 5000 денари.

Закани имало и во Прилеп.  Па така 27 годишен маж  заработи 8 дневен притвор бидејќи преку социјални мрежи му се заканувал на канндидат за градоначалник на Прилеп и неговото семејството. Заканите ги упатил пред неколку ,а бидејќи бил во странство полицијата го привелаа веднаш штом  стапнал во земјава. Освен тоа што изборниот процес ќе биде под будното око на полицијата и дежурните обвинители ќе следат евентуални нерегуларности за изборите.

Во текот на изборниот ден, на 17 октомври 2021 година, ќе бидат воспоставени дополнителни дежурства  во јавните обвинителства,со цел координирано известување и следење на процесот на гласање. Итно и со приоритет обвинителствата ќе постапуваат по индиции за извршени кривични дела поврзани со изборите. Добиените известувања веднаш ќе се проследуваат до соодветните основни јавни обвинителства, велат од ОЈО.