Македонија
18. January 2021 - 16:32

Полицијата со засилени контроли за Водици

Водици утре ќе се празнува во сенка на пандемијата, но под будното око на полицијата. Иако годинава поради ковид ситуацијата нема да се оддржи традиционалното фрлање на крстотот, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски најави засилени полициски контроли.

Спасовски вели и дека полицијата  постојано контролира дали се почитуваат мерките за заштита од вирусот. Министерот апелира грааѓните да се однесуваат одговорно.

Во изминатите денови, полицијата растури повеќе домашни забави, приведе повеќе угостители кои работеле по 18 часот, а пред 5 дена го растури и карневалот во Вевчани.