Македонија
11. јуни 2020 - 15:54

Полицијата спречи криумчарење на 142 мигранти во нашата земја

Вчера околу 05.40 часот на автопатот Гевгелија – Скопје, мото-патрола од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин „Богородица“ забележала товарно возило „ман“, со бугарска регистарска ознака, и приклучно возило, со македонска регистарска ознака, како се движи со голема брзина и се упатила кон него со цел да го запре и контролира. Возилото не застанало и се упатило по стариот пат од с.Милетково кон с.Габрово и набргу потоа возачот го сопрел возилото. При преглед во возилото биле пронајдени 142 мигранти. Тие биле приведени во Полициската станица за граничен надзор и граничен премин „Богородица“. Увид бил извршен, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Mигрантите се сместени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ - Гевгелија за понатамошна постапка.