Македонија
8. јуни 2020 - 10:58

Полицијата спречи криумчарење на мигранти

Вчера околу 08.00 часот од полициски службеници, на паркинг од угостителски објект на магистрален пат Гевгелија - Демир Капија, во патничко возило „фолксваген пасат“, со кавадаречки регистарски ознаки, биле пронајдени

девет лица мигранти од Пакистан, Бангладеш и Сирија. За настанот е известен Јавен обвинител. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Валандово.