Македонија
8. јуни 2020 - 14:34

Полицијата уапси дилери во Скопје за време на полициски час

На 08.06.2020 во 01.35 часот, за време на забраната за движење, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Перо Наков“ ги затекнале М.Н.(24) и И.Б.(40), двајцата од Скопје, а од извршениот преглед кај М.Н. биле пронајдени прашкаста материја, таблети, два ножа и еден сигнален пиштол наполнет со три каписли. Двајцата биле приведени и по целосно расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок.