Македонија
19. јуни 2020 - 10:52

Полицијата заплени хашиш при претрес на дом во Скопје

На 18.06.2020 по добиена судска наредба извршен е претрес во дом и други простории кај Р.С.(30) од Скопје. Притоа пронајдени биле една тегла со тврда кафеава материја (хашиш) во маса околу 77 грама и еднапаковка со марихуана. Тој бил приведен во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка.