Бизнис
17. December 2016 - 16:40

Политичката криза го преполови извозот

Политичката  криза  го преполови извозот. Кај дел од компаниите за 30 отсто е намален пласманот на производите  кај странските партнери.

Поради нестабилноста во земјава тие не се сигурни да ги продолжат договорите со домашните фирми. Многу ги откажале и нарачките.

И експерската јавност и бизнисмените не очекуваат да се оствари претходно предвидениот раст на економијата. Очекуваат бројките да бидат помали. Во исчекување на политичката стабилизација бизнис секторот е во застој. На многу компании одржливоста им е донесена во прашање. Инвеститорите се воздржани од инвестиции.

Раде Кончар  како начин за излез од кризата реши да ги зголеми инвестициите. Компанијата вложи над 1 милион евра во нови машини  кои ќе им помогнат да го зголемат и модернизираат произвдоството, а ќе ја подобрат и конкурентоста што е од особено важно во овие услови.

Бизнисмените  велат дека ако оваа криза продолжи многу фирми нема да можат да се носат со проблемите и за да опстанат  ќе бидат принудени да отпушаат вработени и да ги намалат платите.

Бизнисмените повторно апелираат  до политичките партии  што е можно побргу да се најде излез од кризата за да можат да продлжат со работа и  да ја  вратат довербата кај странските партнери.