Македонија
24. November 2021 - 21:19

Политичката криза во сенка на трагедијата, оставката на Заев в петок

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев во петок треба да ја поднесе оставката за својата партиска позиција пред членовите на Извршниот и Централниот одбор. Сообраќајната несреќа во Бугарија ги одложи првичните планови тоа да се случи вчера.

Заев, која на лидерската позиција во СДСМ дојде во 2013 година, ќе траба да застане пред раковдството на партијата за да се повлече од претседателското место по поразот на локалните избори. По констирањето на оставката, согласно партискиот статут, Извршниот одбор во рок од 15 дена од денот на престанување на функцијата треба да донесе одлука за вантрепартиски избори во која ќе го одреди и нивниот датум.

Плановите, согласно најавите на Заев е социјалдемократите е да добијат нов лидер до 14 декември односно до советот на ЕУ на кој ќе се одлучува з апочеток на прегворите за членство во Унијата.

Но, освен за оставката Заев ќе треба да реферира и за преговорите околу дооформување на мнозинството во парламентот  со Алтернатива. Впрочем, новиот лидер на СДСМ Заев го планира и за нов мандатар за составување на влада.

Истовремено, во петок попладне партијата на Гаши ќе има централно претседателство на кое ќе треба да се одлучи дали ќе ја прифати понудата на Заев.

Состаноците на двете партии ќе бидат точно по една недела од лидерската средба. По овие состабноци викендот или најдоцна почетокот на наредната недела пак, не е иосклучено нова средба меѓу СДСМ и Алтернатива.