Бизарно но вистинито
28. February 2020 - 11:39

Полска манекенка си ги тетовирала очите, па ослепела

Полската манекенка Александра Садовска целосно го изгуби видот на едното око, откако ги истетовирала очните белки. Лекарите ѝ рекле дека е само прашање на време кога ќе ослепи и на другото око.

Садовска, наводно, одлучила да ги тетовира очите во црно сакајќи да личи на својот сонародник – раперот и боксер Попек. По зафатите, таа почнала да се жали на болка во очите, при што тату-мајсторот ѝ рекол дека тоа е сосем нормално…

Ѝ препорачал само лекови против болки.

По лошите вести, манекенката одлучила да го тужи „уметникот“, па истрагата покажа дека тој при постапката направил неколку грешки, на пр. – користел боја за тетовирање кожа којашто не би смеела да дојде во допир со очите. Му се закануваат неколку години затвор.

Тату-мајсторот пред судот изјави дека не се чувствува виновен. Разрешницата на овој случај се очекува наскоро.