Помпео: Стејт департментот побара Сенатот да го ратификува Протокот за прием на Северна Македонија во НАТО
Стејт департментот и официјално ги достави до Сенатот на САД сите потребни документи за ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО, објави американскиот државен секретар Мајк Помпео на гала вечерата во Вашингтон по повод одбележувањето 70 години од формирањето на Северноатлантската алијанса.
– Оваа година се подготвуваме да ја примиме 30-тата земја, Северна Македонија, и со задоволство можам да кажам дека минатата недела формално ги доставивме документите за ратификација на Протоколот во нашиот Сенат. Заедно, членовите на Алијансата ја подобруваат заедничката одбрана. Го зајакнавме нашето присуство во регионите на Балтикот и Црното Море. Ја зголемуваме подготвеноста на нашите сили и ја подобруваме нашата отпорност кон хибридни и сајбер-закани од модерното време, истакна Помпео пред шефовите на дипломатиите на земјите сојузници во Алијансата кои се собрани во Вашингтон за да одбележат седум децении НАТО.
Прв пат, на дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите од НАТО официјално е поканета и Северна Макеоднија како идна 30. членка, претставена преку шефот на дипломатијата Никола Димитров.
Ново на Сител
-
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче
-
До 13 часот во Куманово одѕивот 23 проценти, во Липково 16, во Старо Нагоричане 22
-
Излезноста во Струга до 13 часот 16 отсто, во Вевчани 33 проценти
-
Им ветувале бесплатни водомери за да гласаат во нивно својство, пријавен случај на поткуп
-
До 13 часот во Прилеп гласале 31,41 отсто од граѓаните со право на глас
-
Излезноста до 13 часот е 26.35 отсто
-
Утре нова рунда од дијалогот Белград-Приштина
-
Во Крива Паланка излезноста на изборите до 11 часот е 24,5 отсто