Македонија
30. April 2022 - 16:33

Понудата за лидерска се уште е на маса - Опозицијата кани, власта oдбива

Понудата за лидерска средба која Мицкоски му ја упати на Ковачевски се уште е на маса. 

Опозицијата е разочарана од експресното не на Ковачевски но не се откажува од намерата да договори датум за предвремени избори со премиерот. Партискиот потпретседател денеска од Неготино уште еднаш ја повика власта на дијалог

Мицкоски не знае што прави, целосно се изгуби, покажува немоќ и деструктивност, vвелат од владејачката СДСМ во писмено соопштение. 

„Во време на најголема економска криза прави деструкции, блокади и по секоја цена врши партиско мотивирање на протести. Граѓаните не ги интересира себичната политичка желба на Мицкоски. СДСМ е посветен на интересот на граѓаните и државата. Пред нас е одговорна работа, справување со последиците од најголемата криза по Втората светска војна којашто Владата предводена од премиерот Ковачевски успешно ја спроведува.“ – велат од СДСМ.

Вчера понудата за предвремени избори ја одби и ДУИ. Од партијата велат дека предвремени избори би можело да се одржат во 2024 година заедно со претседателските. 

Опозицискиот лидер пред два дена на прес конференција одреди рок до 10 мај во кој со Ковачевски би договориле средба за предвремени избори. По овој рок најави дека партијата ќе преземе досега невидени чекори, без да прецизира што значи тоа.