Македонија
12. May 2021 - 12:13

Попладне се очекува нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи

Во попладневните часови денеска времето во северните и северноисточните делови на земјата ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, информира Управата за Хидрометеоролошки работи.

На некои места процесите ќе бидат поинтензивни, проследени со силен ветер и појава на град.

Влажен бран со зголемена облачност и врнежи од дожд во поголемиот дел од земјата се очекува и в сабота, но и намалување на дневните температури.