Свет
15. October 2018 - 22:07

Поплавена Норвешка: Топењето на снегот и обилните дождови ги изненадија сите, најпогоден е југот на земјата

Повеќе од 100 лица се спасени денеска од големите поплави на југозападот од Норвешка.

Норвешките медиуми пренесоа дека неколку лица од изолираните предели се евакуирани со хеликоптери, како и дека обилните дождови и топењето на снегот во неделата предизвикале излевање на реките во регионите на Опланд, Согног Фјордан и Хордаланд.

Како што се наведува, најмногу настада Скјак у Опанд, каде се поплавени неколку куќи и уништен е еден мост.

Бројни патишта и мостови се затворени за сообраќај поради поплавите и одроните, а некои места останале без струја.

Официјалните власти соопштија дека пикот на водениот бран поминал, но постои опасност од одрони на земјата додека водите не се повлечат.