Свет
10. October 2015 - 10:51

Поплавите во Франција предизвикаа штета од 650 милиони евра

Поплавите на Азурниот брег во Франција кон крајот на минатата недела предизвикаа штета од речиси 650 милиони евра, соопшти вчера француската осигурителна федерација АФА, цитирана од ДПА.

Оценката е базирана на над 60.000 извештаи за штета.

Дваесет лица загинаа како резултат на силните бури и поплави. Според властите во департманот Алп-Маритим во југоисточна Франција, две лица и натаму се сметаат за исчезнати во регионот на Кан.