Македонија
12. February 2020 - 16:33

Поповски: Власта не прави никакво политичко влијание врз јавниот сервис

Сѐ уште постојат центри на влијание и на отпор за нормалното информирање и содржина што треба да ја нуди Националната радиотелевизија, истакна министерот за комуникации Роберт Поповски, на јавната дебата посветена на финансирањето, управувањето и регулацијата на Јавниот сервис.

Поповски посочи дека Владата не прави никакви политичко влијание или притисоци врз начинот на информирање на оваа медиумска куќа и истакна дека на Јавниот сервис му е потребна сериозна финансиска помош, доколку сака да застане на здрави нозе.