Свет
8. May 2017 - 9:53

ОН: Поради војната повеќе од еден милион деца избегаа од Јужен Судан

Повеќе од еден милион деца побегнаа поради војната побегнаа од своите домови во Јужен Судан, а уште еден милион деца се раселени во внатрешноста на земјата, соопшти денеска Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ). 

- Иднината на цела генерација е доведена во прашање. Застрашувачките податоците дека едно од пет деца се принудени да побегнат од својот дом го илустрираат конфликтот што е катастрофален за најранливите категории, изјави регионалната директорка на УНИЦЕФ за Источна и Јужна Африка, Лејла Пакала. 

Според податоците на УНИЦЕФ, 62 отсто од бегалците од Јужен Судан се деца, а повеќе од 75.000 деца се одвоени од своите семејства.