Македонија
19. November 2021 - 16:45

Пораките од Бугарија не одат во насока на почеток на преговори во декември

Бугарија ги стопи и последните надежи за старт на преговорите во декември.

Поранешни високи функционери потврдуваат дека земјата е под силен меѓународен притисок да го повлече ветото за Македонија, но за тоа нема време до самитот на Европската унија.

Вчера бугарскиот министер за надворешни Стоев на средба со евроамбасадорите, а подоцна и бугарското МНР за тамошните медиуми потврдија дека официјална Софија следниот месец нема да поддржи прва меѓувладина конференција помеѓу Македонија и Унијата.

-Нацрт-преговарачка рамка за пристапување на Република Северна Македонија не ги одразува предлозите на бугарска страна и затоа не може да поддржиме старт на преговорите, посочува бугарското МНР.

По вчерашната претседателска дебата на БНТ пак станува јасно дека на земјава не и менува ништо ниту кој ќе биде следниот шеф на бугарската држава. Двајцата кандидати, Радев и  Герџиков имаат ист став за спорот помеѓу двете земји. Вчера и двајцата го потврдија бугарското вето, се додека не се прифатат нивните барања.

По минатонеделните избори Бугарија се уште е во преговори за состав на новата влада. Лидерите на победничката партија „Промените продолжуваат“ најавија нов пристап во преговорите со Макеоднија, но дека следните три недели кои преостнуваат до Самитот на ЕУ нема време за надминување на спорот потврди и потенцијалниот нов шеф на бугарската дипломатија.

Ако пропадне декемврискиот самит, следната шанса Македонија ќе ја за време на француското претседавање по нова година.