Поранешниот бугарски премиер Иван Костов предлага расформирање на безбедносните служби
Поранешниот бугарски премиер, Иван Костов, (1997 -2001) предлага распуштање на сегашните безбедносни служби и создавање нови, подредени на различни министри. Како што јави дописникот на МИА од Софија, еден од аргументите на Костов е дека сегашните претставници на бугарските безбедносни служби не и се лојални на државата, бидејќи заминале на одмор и саботираат.
Како „мит на прикривање“ Костов го опиша тврдењето дека рокадите во безбедносните сили се затоа што тие бркале руски шпиони. Според него, вистината е дека тие не ја завршиле својата работа за најважните и најтешките прашања за Бугарија. „Турски тек“ преку Бугарија, АЕЦ Белене и заемите – тука немаше руски шпиони, туку има огромна придобивка за Русија од постапките на бугарската Влада.
Според него, чудно е што сегашниот министер за енергетика на Бугарија молчи за контроверзните прашања во овој сектор.
Според Костов, одговореноста лежи во партијата „Има таков народ“ на Слави Трифонов, бидејќи тие мора да направат компромис за клучните реформи и да ги предводат другите бугарски политички партии во борбата против корупцијата.
Според него, политичката криза во Бугарија постои од 2009 година, во која има чести предвремени избори, а потрагата по причината ќе доведе до конфликт во бугарското општество.
Иван Костов е на ставот дека во последните 12 години се направени голем број реформи, но главната во судството не е завршена. Причината за ова е желбата фондовите на ЕУ во Бугарија да бидат „апсорбирани“ и да не се „инвестираат“.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација