-->
-->
Пораз на одбојкарите во Софија
-->
Бугарија – Македонија 3:1 (23-25, 25-18, 25-22, 25-18)
По пријателските дуели во Македонија, нашите најдобри одбојкари денеска гостуваа во Софија каде во контролен дуел загубија од домашната селекција на Бугарија со 3-1, по сетови (23-25, 25-18, 25-22, 25-18)
Македонија одлично го започна натпреварот и го освои првиот сет но во продолжението ја загуби концентрацијата и во вториот сет домаќинот возврати со 25-18 за израмнување на 1-1.
Мечот се чини го реши третиот сет во кој двете селекции се менуваа во водството но на крајот се радуваше Бугарија.
Во последниот сет домаќинот беше за нијанса подобар и на крајот оствари победа од 3-1.
Утре се игра и вториот контролен дуел со Бугарија кој е последен тест пред стартот на квалификациите за ЕП кои се закажани во Скопје од 11-16-ти јануари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари