Loading Video...
Ракомет
14. October 2021 - 10:11

Поразот од Монпелје е „голем шамар“ за вардарци, смета тренерот Вијовиќ

Македонскиот првак Вардар го претрпе првиот пораз во Лигата на шампионите. Тренерот на вардарци Веселин Вујовиќ смета дека убедливиот пораз е добредојде и е голем шамар за неговиот тим. 
 
По одличниот старт на новата сезона во која Вардар имаше еден нерешен исход и две победи, уследи првиот пораз на црвено-црните и тоа на домашен терен пред својата публика.  За разлика од вардарци, францускиот Монпелје се прикажа во одлично издание па на крајот сосема заслужено славеше со убедливи 31-25.
 
По мечот тренерот на вардарци Веселин Вујовиќ беше искраеи и самокритижен велејќи дека во ниеден момент и сегмент на играта Вардар  не му париравше на ривалот. Едноставо, Вардар не личеше на екипата од првите три кола. 
 
„Целиот тим потфрли, така што мора да анализираме што беше проблемот, да се кренеме и да продолжиме понатаму во ова долго натпреварување, затоа што има уште долго да се игра. Си помисливме дека сме многу силни, дека кој и да дојде во оваа сала ќе падне и дека сме најдобри. Ова е добра шлаканица за нас. Имаме пет бодови по четири средби, тоа и не е така лошо затоа што некои екипи немаат бод, но мора да бидеме цврсто на земја, затоа што ќе дојдат и лоши времиња“, изјави Вујовиќ.  
 
Следната среда (20 октомври) вардарци гостуваат во Данска кај Алборг кој вчера на домашен терен го победи Мешков Брест 34-33. 
 
Во третиот меч од А групата Кил го победи ППД Загреб со 36-28, а во овие моменти се игра последниот натпревар во кој ПИК Сегед е домаќин на Елверум.
 
Вардарци останаа на пет бодови, колку што имаат Сегед и Монпелје, но црвено-црните сега се на петото место на табелата, на која Алборг и Кил се на првите две позиции со 6 освоени бодови.