Порно ѕвездата објави шокантни фотографии, кожата и скапува и се распаѓа
Поранешната порно ѕвезда Џема Меси на Фејсбук објави шокантни фотографии од раните на нозете кои и се створија од компликациите предизвикани од „домашни“ инјекции за потемнување на кожата.
Фотографиите од инфицирани рани Џема ги сподели како предупредување на другите да не се обидуваат ништо слично, пишува весникот Сан.
-Пред 4 месеци почнав нов циклус третмани со инекции за потемнување на кожата. Тоа го правам со години и немав проглеми. Вбризгав три 0,1 мл. инјекции, едната во десната нога и другите две во задникот. Овој пат многу ме болеше и ми се создадоа црвени отоци. Мислев дека сум погодила некој мускул и дека ќе ми помине, напиша Џема.
Како што поминувало времео, раните станувале се поголеми па се обратила на телефонска линија за помош, а тие веднаш ја ипатиле во болница.
Добила крем, но состојбата се влошувала, па се вратила во болница каде итно е оперирана.
-Ми останаа големи рани кои засекогаш ќе ме одбележат, напиша таа и објасни дека ги објавува вознемирувачките фотографии за да ги предупреди другите за опасноста од ваквите третмани во сопствена режија.
-Јас тоа го научив на потешкиот начин, заклучи таа.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација