Пороен дожд и грмежи во Охрид, Свети Николе и Струмица
Невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град има вечерва во централниот дел на Пелагонија.
Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), пред еден час нестабилно со пороен дожд и грмежи беше во подрачјето на Охрид, Свети Николе и Струмица.
- Процесите немаат одреден правец на движење. Северно од Скопје почнува да се формира нестабилна облачност, соопшти ЦУК.
Од север кон Прилеп се спушта нестабилна облачна маса со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и можна појава на град. Нестабилно е и во околината на Скопје, во западните и југоисточните делови од котлината, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Се уште е нестабилно на Галичица и Преспанскиот регион каде има интензивен пороен дожд
Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) посочуваат дека денеска беше многу топло и со портокалово ниво за опасност од високи температури. Најавуваат дека во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град.
Ново на Сител
-
ЕУ: Не сме добиле официјално известување за нови американски царини
-
Минатата недела санкционирани 155 непрописно паркирани возила на територија на општина Центар
-
Трофејот во Клуж-Напока го освои Потапова
-
Адана Демирспор го напушти теренот поради пенал досуден за Галатасарај
-
Македонските кошаркарки со пораз од Украина ги завршија квалификациите за Евробаскет 2025
-
Дончиќ ќе дебитира за Лејкерси против Јута
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ, Заев и Ковачевски потрошиле 280 илјади евра за фејсбук реклами
-
Најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка